Србија воведува полициски час

Властите во Србија воведоа полициски час и забрана за движење од 20 часот до 5 наутро.Од утре од 10 часот во сите градови во Србија ќе биде забренет излез за сите постари лица од 65 години, а во селските средини излезот ќе биде забранет за лицата постари од 70 години, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, вечерва на вонредна прес конференција.

„Од утре во 20 часот до 05 часот ќе биде забрането движење на улиците во Србија на сите лица, освен органите на власт и оние кои ќе имаат работна обврска“, изјави претседателот Александар Вучиќ и додаде дека  армијата ќе ги преземе сите гранични премини, мигрантски центри, болници и други објекти како пакет на мерки во борбата против пандемијата на коронавирус.

„ Сакаме за два до три дена да се бидат укинати сите автобуски и железнички линии, бидејќи целта ни е луѓето да останат во своите домови“, рече Вучиќ.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ