Србија ја одбрани Европската круна
Ватерполо репрезентацијата на Србија ја одбрани титулата Европски првак, откако вечерва во големото финале во Будимпешта, славеа убедливо над домаќинот, Унгарија со 12-7. Србија го контролираше резултатот, имаше постојано водство и сосема заслужно дојде до третата титула Европски првак на последните пет шампионати. Третото место на овој шампионат и припадна на селекцијата на Италија, која во „малото финале“ славеше над Црна Гора со 11-9.