„Споменик на слободата – разговорник “ од Елена Чемерска

Самата идеја за оваа книга се јави во оној миг кога забележав дека Споменикот на слободата во Кочани се наоѓа во лоша состојба, запоставен подолго време и првото прашање што ми падна на ум беше зошто е тоа така и покрај потенцијалот кој го поседува, не само како споменик на културата со уметничка и архитектонска вредност, туку и што тој може да биде, вели Чемерска.

  • Тој може да биде користен за различни настапи, како јавен простор, место за собирање на луѓето и заедницата и тоа што тој не беше посетуван на тој начин или сметан како место кое е запоставено дека е надвор од центарот на градот каде нема струја … И тука почна да ме интересира приказната за Споменикот на слободата. Од тука па натаму секој од соговорниците со кои зборував доаѓајќи од својата позиција, професија од својата сфера на културата ми отворија нови можности кои почнаа една по една да се преплетуваат, вели авторот Елена Чемерска.
  • Јас би сакал да ги споменам имињата на соговорниците на Елена Чемерска. Тоа се Илија Пенушлиски кој учествувал во процесот на создавањето особено на мозаиците, Даница Павловска, Коста Балабанов, Небојша Вилиќ, Анета Христова Поповска, Антоанела Петковска, Сања Хорвантинчиќ и се разбира тука се поместени и интервјуата на самиот Глигор Чемерски.
  • Стана јасно дека не е ништо само исклучиво естетско доживување  или исклучиво идеолошка замисла за тоа што е тоа место, туку дека овие работи едно со друго се преплетуваат. И мислам дека тука стана многу интересна приказната и тука се збогати разговорникот и почнаа да се преплетуваат сите разговори меѓу себе.
  • Книга која отвора многу битни прашања за тоа како ние се однесуваме кон тоа значајно културно наследство денес. Кои се задачите кои стојат пред нас, која е иднината на овој споменик и со една плејада интересни соговорници Елена Чемерска ги поставува вистинските прашања.

Двојазичната книга „Споменик на слободата –разговорник “ документарен проект на Елена Чемерска  е објавена на македонски и на англиски јазик. Книгата содржи интервјуа што се осврнуваат на Споменикот на слободата, на ридот Локубија во Кочани , дело на Глигор Чемерски и Радован Раѓеновиќ разоткривајќи ги  аспектите  на уметноста, архитектурата и социокултурниот контекст.

Нина Стефаноова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ