Спасувачката мисија во Тајланд под закана на дождовите

Спасувачите во Тајланд се во трка со времето за успешно да ја реализираат спасувачката мисија на 12 –те момчиња од јуниорскиот фудбалки тим кои се заробени во пештерата десетина дена.

Метеоролозите предупредуваат дека се можни нови врнежи на дожд што би предизвикало покачување на нивото на водата токму на местото каде што се засолнати децата и нивниот тренер. Сега главна задача на спасувачите е каде да преместат групата на сигурно, која ако наскоро не биде извлечена може да остане во пештерата следните 4 месеци.

Денеска до нив ќе стигнат и телефоните и тие за првпат ќе воспостават врска со своите семејства. Иако исцрпени и бледи, децата се во добра здравствена состојба.

Драматичната потрага по јуниорскиот фудбалски тим, која започна на 23 јуни во провинцијата Чаинг Раи, изгледаше дека се ближи кон крајот кога нуркачите ги пронајдоа децата во понеделникот во пештерскиот комплекс на еден километар под земја, стуткани на една височинка во поплавената пештера Там Лаунг.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ