Спасените деца од пештерата си заминуваат дома

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои беа спасени од поплавената пештера во северен Тајланд, денеска треба да ја напуштат болницата и да се вратат дома.

Тие се наоѓаа во болница во Чианг Раи од минатата недела, кога беа извлечени од пештераниот комплекс Там Луанг во драматична тридневна операција. Во пештерата беа од 23 јуни до 10 јули кога операцијата за спасување официјално заврши.

Тие за првпат ќе се појават во јавност на прес конференција вечерва и ќе одговараат на прашања во врска со нивното  искушение. Потоа ќе се вратат во своите домови и семејства.

  • Причината што одлучивме да има прес конференција е да можат медиумите да им ги постават сите прашања, по што децата ќе треба да се вратат дома и да продолжат со нормалниот живот без да бидат под притисок на медиумите , изјави владиниот портпарол на Тајланд, Сунсерн Каукумнер.

Гувернерот на Провинцијата Чанг Раи, Прахон Пратсукан, додаде дека ова ќе биде нивно “единствено официјално интервју”, и дека “по ова веќе нема да разговара со медиумите”. Сите новинари кои сакаат да постават прашања, прво морале да ги достават до владината служба, кои биле проверени и од психијатар за да се гарантира дека тие нема да ги вознемират децата. На конференцијата ќе бидат присутни и доктори и психолози за да ги заштитат децата од евентуални „сериозни“ прашања кои би можеле кај нив да предизвикаат негативни чувства.

Можно е по денешниот ден, децата да бидат кусо сместени во некој  будистички храм, што е своевидна традиција во Тајланд за лица кои доживеале несреќа.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ