Советник на Меркел бара договор за нова влада во рок од три недели

По неуспехот на преговорите за формирање нова влада на Германија, шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Питер Алтмајер, ги повика потенцијалните коалициски партнери да постигнат договор во рок од три недели.

Доколку партиите не успеат да се договорат, се очекува Меркел да се определи за предвремени избори.

Христијанско демократската унија (ЦДУ) на Меркел и нејзината сестринска баварска Христијанско социјална унија (ЦСУ) преговараа со либералната Слободна демократска партија (ФДП) и Зелените за формирање на нова влада, но преговорите завршија неуспешно во неделата вечерта, по што ФДП соопшти дека не може да биде постигнат договор.

„Во следните три недели треба да имаме појасна ситуација за тоа дали може да се формира стабилна влада врз основа на овој изборен резултат“, изајви Алтмајер.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој треба да го додели мандатот за формирање нова влада или да распише нови избори, ќе се сретне со лидерите на четирите партии, кои учествуваа во разговорите за формирањет коалиција. Алтмајер изјави дека ЦДУ на Меркел, како победник на изборите, има мандат да формира влада.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ