
Социјалната дистанца во различни варијации на мерки низ европските држави
Дозволено џогирање, но не и пикник, можност да се купуваат книги, но и да се демонстрира се само дел од варијациите на мерката социјално дистанцирање и слободното движење на луѓето низ Европа.
Па така во Германија каде не е дозволено да се биде во група од повеќе од двајца и каде се затворени училиштата и продавниците кои не продаваат храна или лекови, единствено во Берлин може, на пример, да купите книга во книжарница, но не можете да одите на пикник, што пак е дозволено во Туринген и Баден – Вуртенберг. Во сојузната покраината Баден – Вуртенберг пак за разлика од Берлин и во Баварија е дозволено излегување од дома без посебна причина, додека Бремен е единствена во Германија каде е дозволено демонстрирање во време на пандемија.
Во Франција каде веќе еден месец на сила се стриктни мерки на движење поради коронавирусот за секое напуштање на домот треба да се пополни он-лајн формулар и да се носит копија со себе каде е наведена причината за излегување, како купување храна, посета на доктор, но и рекреација во рамки на еден километар од адресата на живеење. Сепак и покај тоа Париз воведе дополнителни рестриктивни мерки за оние кои џогираат, поточно го забрани џогирањето меѓу 10 часот наутро до 19 часот попладне.
Австрија пак каде не е дозволено движење по улица на повеќе од две лица заедно со држење на меѓусебна дистанца, каде се затворени парковите, а на граѓаните им беше препорачано да не излегуваат без потреба, сепак нема стрикна забрана за движење. Таму веќе се најавува олабавување на мерките од 14 април, со дозвола за отворање на помалите продавници и доколку се биде во ред, од 1 мај ќе бидат отворени и фризерниците и шопинг-молвите, но со мерка внатре да има по едно лице на 20 метри квадратни.
Во Словенија пак на јавно место можат да се задржуваат заедно само членови на семејство или на едно домаќинство, со обезбедување на сигурна одалеченост од другите минувачи. Забранети се пријателски и контакти со други лица.
Хрватска пак го ограничи напуштање на местото на живеење, за што е потребна посебна дозвола. Таму иако нема забрана за движење, строго е ограничено задржување на улици, паркови на други јавни места на повеќе лица. Некои од хрватските приморски градови ги затворија шеталиштата покрај морето.
Шеталиштето покрај морето го затвори и Солун. Во Грција каде на сила е забрана за целосно движење, но и напуштање на местото на живеење, дозволена е посета на супермаркети, аптеки, посета на лекар, прошетак на домашни миленици, но и индивидулано спортување, но за тоа е потребна дозвола која можат да се добие електронски, на мобилен телефон, дури и рачно напишана.
Целосна забрана за движење во текот на целиот викенд на триторијата на цела држава освен Македонија, од овој викенд воведува и Србија, но ќе стартува еден час подоцна отколку кај нас, поточно во петок во 17 часот и ќе трае до понедленик до пет часот.
Тамара Грнчароска