
Сондата Инсајт успешно слета на Марс!
Првото вселенско летало на НАСА што во последниве шест години го посетува Марс успешно слета надминувајќи најтешката и најнервозна фаза од мисијата. Инсјат ги преживеа седумте минуту на терор од судирот со атмосферата на Марс.
НАСА отвора ново поглавје во истражување на Сончевиот систем и планетите, почнувајќи да ја истражува и геологијата на Марс. Марс со тоа е на пат да стане втората најистражена планета после нашата планета Земја.
Лансиран од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија, истражувачкиот дроид ја почна својата мисија уште на 5 мај. Оттогаш, сондата трпеливо се движеше кон својата цел, на рамнината Елизиум на Марс.
Се смета дека тоа е местото каде што Инсајт ќе има најголема шанса да ги собере саканите податоци за планетата: да ги истражи составот на тлото, геодетската активност, да ја измери температурата и слично. Сензорите ќе може да ги забие и до 5 метри во длабочината на црвената планета.
Се очекува Инсајт веднаш ќе се фати за работа – да се обиде да ги разбере тајните што лежат под Марс, првпат во историјата.
Сондата веднаш ја испрати и првата слика.