Со украден камион се забил во автомобили, повеќе повредени во Германија

Со украден камион во понеделникот се забил во автомобили во градот Лимбург, Германија, при што најмалку 17 лица се повредени. Возачот е уапсен, а полицијата сè уште утврдува дали несреќата е напад или несреќа.

Со бел камион „мерцедес“ влетал во автомобили кои стоеле на семафор во близина на окружниот суд во градот. Сведоците за локалните медиуми изјавија дека возилото значително забрзало пред ударот, при што неколку автомобили се смачкани и остатоци се расфрлани на тротоарот.

Најмалку седумнаесет лица, вклучувајќи го и возачот, се повредени, од кои едно сериозно. Покрај украдениот камион, во несреќата се вклучени осум други возила.

Портпаролот на полицијата рече дека точната природа на несреќата не е утврдена, но полицијата во моментот ништо не исклучува.

Возачот го украл камионот само неколку стотици метри од местото на сударот. Во интервју за франкфуртски медиум, вистинскиот возач на камионот изјавил дека одеднаш друг маж го „одвлекол“ од неговото возило, кој потоа заминал со камионот.

Местото на судирот е оградено од јавноста, каде се наоѓа камионот, пренесуваат локалните медиуми. Голема полициска операција и „обемна истрага“ се води во градот што е на околу 550 км западно од Берлин.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ