
Со спектакуларен концер Ванеса Меј го отвори „Охридско лето“
Светски познатата виолинистка Ванеса Меј, синоќа го отвори 59-тото издание на Охридско лето.
Бројната публика уживаше во спектакуларниот концерт на Меј која настапи во придружба на македонската филхармонија. По завршување на концерот, Меј која е познат активист за правата на животните се сретна со активистите од Анима Мунди и во видео порака упати апел до властите во Македонија да го спречат труењето на животните и да им помогнат.
Охрид во следните 40 дена во рамки на културното лето, ќе им овозможи на посетителите да уживааат во 45 интересни, различни музички и драмски содржини.