Со солзавец растерани антивладините демонстранти во Варшава

Илјадници граѓани на Варшава и на другите поголеми полски градови излегоа синоќа на улиците на протест поради реформите во правосудството, со барање претседаелот Андржеј Дуда да не ги потпише измените на законот.

Пред крајот на протестото во Варшава полицијата употреби солзавец.

Полјаците цела седмица протестираат поради итните измени на законот од сетот правосудни реформи со кои владејачката конзервативна партијата Право и Правда ја забрзува промената на составот на Врховниот суд и ја спречува претседателката на Судот Малгоржата Герсдорф да ја одбие принудната пензија по новите прописи повикувајќи се на Уставот кој и дава мандат до 2020 година.

Учесниците на протестот во Варшава извикуваа „Ќе седиш во затвор“, „Предвник на татковината“ и „Ќе ја собориме диктатурата“ – пораки упатени до претседателот Дуда, бидејќи во меѓувреме е објавено дека тој веќе ги потпишал законите.

Протестот го организираат граѓански иницијативи предводени од Комитетот за одбрана на демократијата.

На синоќешниот протест се случи инцидент по кој полицијата употреби солзавец, откако група демонстранти биле опколени, при обид да легитимираат двајца од нив. Двајца полицајци се повредени.

По завршувањето на протестот, група демонстрантите ги гаѓала полицајците со шишиња и петарди.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ