
Со поддршка од каталонските сепаратисти, Санчез се надева на нова влада до вторник
Во шпанскиот Парламент почна расправата за предлогот на привремениот премиер Педро Санчез кој се обидува да формира коалициска влада заедно со партијата која се залага за независоност на Каталонија.
На почетокот од денешната расправа, Санчез во својот долг говор порача дека горливото прашање за каталонската независност ќе го реши со дијалог, при тоа ветувајќи им на пратениците дека Уставот нема да биде прекршен.
За социјалистот Санчез да формира влада со екстремно левичарската партија „Обединети можеме“ потребни му се гласови од неколку помали партии во Парламентот. Но, три десничарски партии најавија дека нема да дадат поддршка, и утре нема да гласаат. Сепак, социјалистите тврдат дека ги имаат потребните гласови за просто мнозинство на второто гласање во вторник. Санчез се надева на на добрата волја на 20 пратеници кои се согласија да бидат воздржани.
Шпанија ги одржа изборите уште пред два месеца, но ниту една од партиите не освои мнозинство за формирање Влада. Кралот Фелипе му го додели мандатот на Педро Санчез, чија владејачка Социјалистичка партија победи на изборите, но со далеку помалку пратеници кое е потребно за формирање Влада.
Поради неможноста да формира влада, Шпанија е единствената земја, чиј парламент се уште не го ратификувал Протоколот за членство на Македонија во НАТО.