Со нож прободен бразилскиот кандидат за претседател

Крајно десничарскиот кандидат за претседател на Бразил, кој воедно е и фаворит Хаир Болсонаро е прободен со нож во стомак, за време на митингот од кампањата, неколку недели пред изборите.

Како што е прикажано на видео снимката, Болсонаро бил прободен од зад грб додека бил носен од топлата поддржувачи во градот Хуиз де Гора во јужната држава Минас Герваис. Полицијата уапсила едно лице и отворена е истрага за да се утрвдат причините и околностите за нападот. Болсонаро е пренесен во локалната болница од каде е соопштено дека е во стабилна состојба.

Инаку, Болсонаро меѓу Бразилците е познат и како Бразилскиот Трамп по неговите расистички, сексистички и хомофобични коментари, што се смета дека се причина за зголемување на тензиите неколку недели пред изборите закажани за октомври.

Последните анкети покажуваат дека Болсонаро е фаворит за победа на изборите, со водство од 10 отсто пред неговиот најголем ривал, поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва.

Сепак, докторите велат дека повредите би можеле да ја прекинат неговата кампања, бидејќи неговото опоравување може да трае со денови или недели.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ