
(видео) Снимка покажува како украинскиот авион експлодира во воздух
Безбедносни камери ги снимиле првите секунди од несреќата на украинскиот „боинг 737-800“ во близина на Техеран, покажувајќи како на местото паѓаат безброј запалени остатоци. Загинаа вкупно 176 лица, сите што беа во авионот.
Камерата во близина на местото на несреќата покажува блесоци светлина, а по извесно време огромна експлозија ја тресе околината, при што од небото паѓаат запалени остатоци. Потоа се гледа како остатоците бавно согоруваат.
Боингот 737-800 на Украински интернешнел ерлајнс (УИА), преполн со 167 патници и девет члена на екипажот, се урна веднаш по полетувањето од аеродромот „Имам Хомеини“ во Техеран. Локалните власти веруваат дека техничко прашање, евентуално откажување на моторот, е виновно за несреќата што стана најсмртоносна во поновата историја на Украина.