Смртта на Кашоги донесе најави за раскинување на милионски тешките договори за увозот на оружје од Саудиска Арабија

Саудискиот крал му изразува сочувство на синот на убиениот новинар Кашоги. Ова е главната вест со која започна централниот дневник во Саудиска Арабија. Турските медиуми објавуваат информации дека последен со кој разговарал Кашоги пред да биде убиен бил токму принцот Салман кој го замолил да се врати во Ријад. Од страв дека ќе биде уапсен и убиен Кашоги ја одбил понудата. По 18 дена тврдења дека Кашоги жив го напуштил конзулатот во Истанбул, денеска Саудиска Арабија ветува дека одговорните за неговото убиство ќе бидат казнети..

  • Поединците кои го сторија тоа излегоа надвор од своите надлежности. Очигледно беше направена огромна грешка, и она што ја надополнува грешката беше обидот да се прикрие тоа. Тоа беше неприфатливо за која било  влада. Овие работи, за жал, се случуваат. Ние сакаме да бидете сигурни дека оние кои се одговорни ќе бидат казнети, рече Адел Ел Џубеир, Министерот за надворешни работи на Саудијска Арабија.

Предходно саудијците рекоа дека уапсиле 18 лица, отпуштени се двајца помошници на принцот Мохамед бин Салман и формирале посебно тело за истрага.

Ваквите информации од Риад дочекани со осуда од меѓународната заедница. Најави за раскунување на милионските тешките договори за увозот на оружје од Саудиска Арабија стигнаа од Канада, Велика Британија, Франција, Германија и Белгија.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека наскоро ќе разговара со саудијскиот принц за тоа дали и воопшто какви последици ќе претрпи Ријад. Единствената поддршка засега е од соседите како Кувајт, Бахреин и Обединетите Емирати.

Саудиска Арабија смета дека нема да ја користи нафтата како политичко средство во спорот со Западот во врска со смртта на новинарот Кашоги и енергетската политика на државата ќе биде насочена кон стабилност на глобалниот пазар. Новинарите го отворија и прашањето дали може да се повтори ембаргото на извоз на нафта на земјите од Персискиот залив, како она во 1973 година кога беше стопирана испораката на нафта кон Запад поради поддршка на Израел.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ