Словенија прва прогласи крај на епидемијата

Словенија е првата европска земја која прогласи крај на епедимијата на Корона вирусот. Тамошните здравствени власти проценија дека болеста се смирила, со оглед на фактот што во  последните 14 дена е детектирана кај само 35 лица. Но, заштитните мерки ќе останат во сила, а повеќе објекти се уште немаат дозвола да работат, како на пример фитнес центрите, базените и ноќните клубови.

Словенечката влада донесе и мерки во врска со преминувањето на границата, така што граѓаните на Словенија и на другите земји во Европската Унија повеќе нема да мора да бидат ставени во карантин при влез во земјата.

Словенија, која граничи со најпогодената европска држава – Италија, сепак е првата држава која успешно се справи со епидемијата за неполни два месеца.

Во Италија која заедно со Шпанија беше најпогодена во Европа од понеделник ги отвора  црквите,  но под строги услови со ограничен број посетители, физичко растојание меѓу луѓето и носење маски, но не наметнуваат термичко скенирање, што значи дека папските базилики ќе имаат уште построги правила. На верниците кои ќе присуствуваат на миса во  црквата „Свети Петар“ и другите папски цркви во Ватикан и Рим ќе мора да им се проверува телесната температура. Веќе следната недела се отвораат и италијанските музеи.

Во меѓувреме, вирусот продолжува да се шири на црниот континет. Светската здравствена организација предупредува дека во Африка со коронавирус можат да се заразат до 231 милиони лица доколку не се преземат итни мерки и вирусот во следната година може да убие и до 150 илјади лица. Слабите здравствени системи тука можат брзо да крахираат и покрај преземените мерки, па затоа властите на африканските земји ги повика брзо да ги зголемат здравствените капацитети, посебно во јавните болници.

Земјите се во трка со времето во пронаоѓање вакцина против вирусот кој буквално го парализираше животот во целиот свет. Мерките ќе мора да се почитуваат и покрај нивното намалување. За да се подигне свеста за болеста, мексиканските здравствени власти се одлучија преку забава да им воочиат кна граѓаните да ги носат заштините маски.

  • Со оглед на тоа што еден кловн ви вели „да не ти кажува кловн“, а токму кловнот ви дава антибактериски гел, многу луѓе сметаат дека е забавно и добро го прифаќаат. Но, има луѓе кои продлжуваат да си одат и не им се допаѓа. Најмногу се позтивни реакции. Отпрво, делев повеќе маски, но денеска речиси ниту една, вели 22-годишната Карла Рамос Пињеи.

Над 4 ипол милиони луѓе во светот  заболеа со  КОВИД 19. Починаа 303 илјади, а оздравени се еден ипол милион. Се уште на прво место е САД, зад неа Шпанија, а на трето место се искачи Русија.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ