EHFEURO2020 Словенија преку четвртата победа во низа до фаворити за медал
За прв пат во својата историја на настапи на европските првенства Словенија нанижа четири победи по ред откако го совлада Исланд денеска во Малме Арената со резултат 30:27. Со овој резултат и историско постигнување избраниците на Љубомир Врањеш од т.н статисти во втората рунда се трансформираат во кандидати за медал.
Деан Бомбач го постави ритамот на целиот тим на Словенците постигнувајќи 9 голови и 10 асистенции, а трите одбранети седмерци на младиот Виктор Гисли Халгримсон не беа доволни Исланд да ја неутрализира негативата.
Во последните 18 минути од мечот Словенечката одбрана им дозволи на Исланѓаните само 5 голови додека Бомбач ја водеше својата репрезентација до победа.



