Сите кои пристигнуваат во Пекинг да се самоизолираат на две недели

Во Пекинг се воведени нови мерки, со кои се обврзуваат сите кои пристигнуваат во кинескиот главен град да се самоизолираат во траење од две недели, во спротивно бидат казнувани. Кинеските власти се борат да спречат натамошно ширење на коронавирусот, од кој досега починаа повеќе од 1.300 луѓе, меѓу нив шест здравствени работници. Генералниот директор на Светската здравствна организација повика на солидарност.

-Драго ми е што можам да кажам дека заедничката мисија која Кина ја води со СЗО за КОВИД-19 има напредок. Очекувам дека целиот тим ќе пристигне во текот на викендот. Мисијата ја сочинуваат 12 меѓународни експерти и толкав број национални експерти од Кина. Сакам повторно да кажам од срце дека ова е време на солидарност, а не за стигма. Постојат загрижувачки сигнали дека светот не го слуша повикот за единство и е во дослуш со оние во Кина кои се борат за животите и ги ублажуваат страдањата. Повторувам, ова е време за солидарност, а не за стигма, апелираше Тедрос Аданом Гебрејсус, генералниот директор на СЗО.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ