Симоњан: Путин нема да се кандидира за трет мандат

Главната уредничка на МИА „Русија севодња“, Маргарите Симоњан вели дека претседателот на Русија, Владимир Путин нема да се кандидира за трет мандат.

„За оние кои се прашуваа дали шефот ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат – нема“, нпишаа таа на својот налог на Телеграм, а пренесува Спутник.

Путин, инаку денеска одговара на новинарски прашања во рамки на големата годишна конференција за која годинава се акредитираа повеќе од 1.800 новинари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ