Силно невреме затрупа населби во Гвадалахара со наноси мраз од 1,5 метар

-6 предградија во Мексиканскиот град Гвадалахара беа затрупани со дебела покривка мраз по силното невреме проследено со град.

Во делови од градот ледената покривка била до 1,5 метри, затрупувајќи најмалку 50 автомобили.

Градежни возила излегле на улиците да ги расчистат улиците во 5 милионскиот град северно од Мексико Сити.

Локалните власти исто така пријавија поплавени домови и урнати дрва, но нема информации за повредени луѓе.

Според надлежните, најмалку 200-тини куќи биле оштетени.

Претходните денови, во градот биле измерени температури над 30 степени целзиусови. Гувернерот на Гвадалахара, Енрике Алфаро изјави дека станува збор за неверојатен настан.

“Некои луѓе потоа се прашуваат дали климатските промени се реални. Ова се никогаш претходно видени природни феномени” – оцени Алфаро.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ