Силен земјотрес во Загреб, девојче се бори за живот, уништени домови
6 часот и 24 минути изутринава земјотрес од 5,3 степени според Рихтер го тресеше Загреб. Граѓаните се на улиците и во паника ,а 15- годишно девојче се бори за живот откако беше пронајдено под урнатините од нејзиниот дом. Девојчето било во безсознание и не давала знаци на живот, но лекарите беспоштедно се борат за нејзиното здравје. Детето е во многу, многу критична состојба. Во овој момент се прави компјутерска томографија за да ги утврдиме повредите, соопшти директорот на Болницата за детски болести.Ударот предизвика голема материјална штета во градот. Многу згради се оштетени, а низ улиците можат да се видат делови од ѕидови и фасади.
„Го преживеав бомбардирањето во Задар како дете, но ова е навистина нешто посериозно, по непредвидливо. Станот ми е уништен.“
Граѓаните веднаш истрчале надвор. На отворено, во парковите, а заради студот во утринските часови и во автомобилите.
„Го земав детето, ги земавме јакните и веднаш истрчавме надвор. Сега кружиме низ градот.“
Родилките со бебињата во раце го напуштиле одделнието за гинекологија и си заминуваат дома. Во друга болница се евакуираат и пациентите од траумотологија.
„Бев на болничкиот кревет. Почна да тресе, се отвори прозорот и стаклотот почна да паѓа врз мене.“
Оштетена е и катедралата во центарот а се сруши една од двете кули. Катедралата е реновирана откако беше тешко оштетена во последниот голем земјотрес во градот во 1880 година. емјотресот беше е најсилен во последните 140 години, изјави премиерот Андреј Пленковиќ со порака до граѓаните да останат надвор од своите домови.
„Ги повикуваме сите граѓани да бидат внимателни. Препорачуваме сите да бидат излезени пред своите згради. Нема потреба од собирање на бензиски пумпи. Имавме контрадикторни пораки, прво останете дома, а потоа следеше земјотрес. Сеизмолозите ќе ви го кажат тоа што е дел од нивната струка во врска со земјотресите. Ќе ги интезивираме активностите за управување со оваа криза, како и кризата со коронавирусот.“
Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ, им порача на луѓето дека за вирусот земјотресот нема важност. Сите вие што сте надвор, Загреб е епицентарот, оддалечете се едни од други, порача Божиновиќ. Нуклеарната централа Кршко, која се наоѓа во близина на епицентарот на земјотресот не е оштетена. Оттаму потврдија дека тие продолжуваат со нормална работа и не се забележани никакви оштетувања на објектот. Сепак вработените согласно протоколот ги прават потребните анализи во нуклеарната централа. Земјотресот е почуствуван и во Словенија, пред се во јужниот и централниот дел на земјата, вклучувајќи го и главниот град Љубљана.
Павле Беловски