Силен земјотрес на Хаити, 13 загинати

Најмалку 13 луѓе загинаа во земјотресот во карипската држава Хаити, соопшти портпарол на Владата. Бројот на повредени не е познат, а урнати се и неколку згради.

Епицентарот на потресот со интензитет од 5,9 степени по Рихтеровата скала беше на 19 км северозападно од градот Пор ду Пе, на 11,7 км длабочина.

Населението е во паника и се потсетува на катастрофалниот земјотрес во 2010 кога загинаа илјада луѓе.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ