
Силен земјотрес кај Фиџи предизвика мало цунами
Силен подводен земјотрес, со јачина од 8,2 степени, според Рихтеровата скала, забележан е кај Фиџи. Земјотресот предизвикал мало цунами. Американскиот геолошки завод соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 560 километри. Според првичните информации, нема повредени лица, ниту пак се предизвикани материјални штети.