Силен земјотрес во Мексико, милион луѓе останаа без струја

Силен земјотрес со интензитет од 7,2 степени по Рихтер ги потресе јужните и централните делови на Мексико, а беше почувствуван и во главниот град. При истиот најмалку 50 куќи се оштетени, а милион луѓе останаа без електрична енергија.

Епицентарот бил во близина на тихоокеанското крајбрежје, на два километри источно од градот Пинотепа де Дон Луис, на 148 километри југозападно од градот Оахака, на длабочина од 24 километри.

Нема податоци за жртви, но има повредени.

Во Мексико Сити, зградите се нишаа повеќе од една минута. Илјадници луѓе излегоа на улиците на мексиканскиот главен град, исплашени од земјотресот.

Денес се регистрирани 60 последователни потреси, при што најсилниот беше со интензитет од 5,9 степени.

На 7 септември, земјотрес со интензитет 8,2 го погоди Мексико и го одзеде животот на 96 лица, главно во државата Оахака.

На 19 септември, во земјотрес со интензитет од 7,1  степени загинаа 369 лица во земјата, токму на денот кога Мексиканците ја одбележаа 32-годишнина од моќниот земјотрес од 1985 година, во кој загинаа околу 10.000 луѓе.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ