Силата на ураганот Доријан падна на трета категорија, пет жртви на Бахамите

„Ова е нормално напредување на овој вид урагани кои обично главно не ја задржуваат високата петта категорија долго време. Тие поминуваат низ циклуси во кои тие слабеат, но појавата на ветар исто така може да се расири и изгледа дека токму тоа се случува со Доријан додека разговараме“, објаснува Роби Берг, сцецијалист за урагани при Националниот центар за урагани.

Добрата вест до јавноста, која повеќе ја следи временската прогноза од било кои други новости, стигна од метеоролозите – ураганот Доријан слабее и неговата сила сега се мери со трета категорија. Но тоа значи дека бурата ќе биде поголема, бидејќи тропските ветрови се зголемуваат од центарот. Пристигнуваат силни налети обилен дожд и ветар, а опасната бурата може да соборува дрвја и електрични столбови, предупредуваат метеоролозите.

Крајбрежниот град Стјуарт на Флорида веќе ги чувствува последиците од тропскиот циклон, кој ги опостуши Бахамите и одзеде пет животи.

Американскиот Центар за урагани наведува дека Доријан е најсилниот ураган што било кога ги погодил Бахамите. Жителите се уште се наоѓаат по засолништата, без струја. Ураганот уништи куќи и поплавени цели населби на Бахамите.

Бурата се приближува кон Флорида. Центарот за евакуација и одделни засолништа во округот Мартин веќе не прифаќаат луѓе кои сакаат да се засолнат од ураганот- нема повеќе места предоцна е. Жителите на Северна Каролина се подготвуваат за силниот удар на ураганот и се надеваат на најдоброто.

  • Се надевам, уште е рано, дека сите наши подготовки ќе бидат залудни и не потребни, вели Чарлс Бони, Северна Каролина.
  • Минатата година го видовме Флорене, така што знаеме што треба да направиме и како да се подготвиме. Се надевам дека нема да биде многу лошо, вели Кејт Миклер, Северна Каролина.

Меѓународната вселенска станица ги објави последните снимки од ураганот Доријан, на кои се гледа како е над Бахамите. Националниот центар објави дека Доријан незапирливо се движи кон запад и носи ветрови кои дуваат со брзина од 155 милји на час, односно 250 км на час.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ