Штајнмаер побара прошка од полските жртви

Никој не спиеше минатата ноќ во малиот полски град Виелун. Жителите секоја година се сеќаваат на овој ден, но годинава имаше и поголемо значење, зашто се одбележува осмата деценија од почетокот на втората светска војна. Сирените за тревога почнаа да ечат во 4 часот и 40 минути – мигот кога нацистичките германски бомби паднаа беа фрлени тука и ги убија првите цивили. 

Светските лидери денеска се обидоа да ги вратат сеќавањата на еден од најдеструктивните периоди во историјата на човештвото. Давајќи им почит на жртвите од посли Виелун, германскиот претседател побара и прошка за пеколот кој во Полска почна на денешен ден.

  • Пред 80 години, во овој миг, врз Виелун се урна целиот пекол – поттикнат од германското расистичко варварство и желбата да се уништи. Се поклонувам пред полските жртви на германската тиранија и барам прошка, рече германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер.

Малкумина Германци знаат за овој град, рече Штајнмаер, но нападот на Виелун имаше само една цел – да ги тестира можностите кои беа дизајнирани за такво уништување. Ние тоа го нарекуваме војна, бидејќи ни недостасува соодветен начин да ги опишеме сите ужаси на тие години, ќе рече германскиот претседател. Целта беше да се искорени полската и европската култура за да се направи место за заблудите на еден криминалец. Штајнмаер и се заблагодари на Полска, што и покрај се ја пружи раката во знак на простување. Германија никогаш нема да заборави, секогаш ќе памти за наметнтата историја, рече на крајот.

Овој ден е посебно врежан во сеќавањата на полјаците. 1 септември 1939-та бил петок – пазарен ден во овој историски град. Ден кога метежот од луѓе е најголем.  

  • Тоа беше нормален свет кој беше уништен со кршење на сите принципи, и да се истакне, принципите на меѓународното право, на Хашката онвенција кои беа брутално прекршени. Воен злостор. Втората светска војна почна со воен злостор! , рече полскиот претседател Анджеј Дуда.

Нападот врз Виелун ја даде насоката на таа војна – дека ќе биде без правила и деструктивна, истакна полскиот претседател..Не е лесно да се погледнат во очи денеска внуците на тие што загинаа, рече Дуда. Но, Германија никогаше не ја негираше вистината. И токму таа не ослободува.

Во бомбардирањето на малото гратче Виелун, град без некое воено значење, загинаа илјадници луѓе. По нападот, Британија и даде ултиматум на Германија да ги сопре воените операции. Хитлер игнорираше, по што Британија и Франција по два дена и објавија војна на Германија, почнувајќи го шестгодишниот ужас кој уби над 50 милиони луѓе.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ