Шпекулација е дека е постигнат договор за Брегзит

Шпекулација е веста дека е постигнат прелиминарен договор за Брегзит. Извор од британската влада ги демнатираше написите во „Тајмс“ дека премиерката Тереза Меј постигнала финансиски договор, кој ќе им овозможи на британските фирми траен пристап до пазарите на ЕУ по Брегзитот. Преговорите се уште се во тек, велат од владата.

Информацијата на Тајмс следуваше откако британскиот министер за Брегзит, Доминик Рааб, напиша писмо до парламентарците во кое вели дека „ќе биде среќен кога парлемнтарниот комитет ќе го ислуша кога ќе биде постигнат договорот со унијата и мисли дека 21 ноември е вистинскиот датум. Крајот на преговорите се наѕира, пишува Рааб. Неговиот оптимизам го дели и министерот за надворешни. Џереми Хант потенцира дека двете главни прашања остануваат отворени, а тоа се слободната трговија меѓу Лондон и ЕУ, и ирската граница.

  • Но мислам дека ако се насочиме кон тоа, целосно е возможно да ги решиме овие прашања и иако постои одреден степен на пропаст и безнадежност во Брегзит преговорите, фактот што дојдовме до оваа фаза еден месец пред, добро речиси еден месец пред 21 ноември, и се се сведува на овие две прашања, мислам дека е охрабрувачки“, вели Хант.

Ладна вода на овие надежи фрлија од Брисел. Главната преговарачка за Брегзит, назначена од Унијата, вели дека на последниот технички состанок неделава ништо не се променило, како и тоа дека Лондон нема нови идеи за решавање на проблемот. Сепак, Рааб утре патува во британската покраина Северна Ирска во истражна мисија, каде ќе се сретне со тамошните власти.

Моментот на вистината е дојден за преговорите. Ако се исполнат најавите на британските министри, и договорот се случи во ноември, тогаш преговарачките тимови решението ќе мора да го пронајдат следната недела или најдоцна за дестина дена. По денешната најава дека наводно е постигнат договорот, избрзано реагираше лондонската берза, и фунтата рипна за повеќе од еден процент.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ