Шпанија ја надмина и Кина по бројот на починати од корона вирусот

Коронавирусот го менува животот на Европејците. Стариот континент се бори за живот, соопшти претседателката на Европскиот Совет, Урсула фон дер Лаен. Најави нови 37 милијарди евра за борбата против болеста. Шпанија денеска ја претекна Италија според бројот на жртвите за 24 часа. Денеска јавува за нови 655 починати, што според вкупниот број на жртви ја изненади и Кина. Шпанија останува во карантин уште две недели. Франција е можно да има и поголем број на починати, пишуваат медиумите, бидејќи не ги пријавуваат старите луѓе во пензионерските домови. Само матичните доктори тука пријавиле 40 илјади случаи. Сепак, од СЗО доаѓаат првите смирувачки тонови, дека иако ситуацијата е алармантна, во Европа ширењето на болеста полека забавува.

Но, брзо се шири во САД, и овој континент веројатно ќе биде следниот епицентар. Њујорк е најпогоден во моментов со над 5.000 заболени. Но, тука медицинскиот персонал се соочува со недостиг на опрема, поради што медицинските сестри за да се заштитат облекувале кеси за отпад. Се умира брзо, зашто докторите не можат да постигнат.

  • Пекол. Библиски. Луѓето само доаѓаат, ги интубираме, умираат, и така се повторува. 9/11 е ништо во споредба со ова. Бевме отворени и чекавме да дојдат пациенти кои никогаш не доаѓаа, сега доаѓаат цело време. и од секоја возраст – не се залажувајте со тоа дека само старите ќе умрат или ќе се заразат, од сите возрасти се.

Тамошните експерти велат дека болеста ќе биде циклична, што значи светот ќе се соочува со неа уште долго време.

Еден од 10 инфицирани се доктори, а луѓето речиси во сите земји се пријавуваат да волонтираат и да помогнат. Во Бергамо, најпогодениот италинаски град младите излегоа носат храна и лекови до повозрасните сограѓани. За децата да останат дома, на фасадите од зградите секоја вечер се проектира по еден филм.

Светот очајно ја чека вакцината за ковид 19. Од овој фронт доаѓаат првите навестувања дека вирусот мутира побавно за разлика од другите респиратони  вируси, како оние што го предизвикуваат грипот. Тоа значи дека новата вакцина ќе биде постојана, и повеќе ќе се однесува како вакцината за мали сипаници.

Податоците денеска велат дека во светот заразени со вирусот се околу 490.000 луѓе, починале околу 22.150, а излекувани се 117.000.

Алиса Шутиноска

https://youtu.be/x4imQac6bPc

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ