Шпанија и се приклучи на Хрватска во полуфиналето

По Хрватска Шпанија е вториот сигурен учесник во полуфиналето на EHF EURO2020 продолжувајќи го досегашниот стопроцентен учинок. Шпанците и покрај изедначеното прво полувреме на крајот успеаја комотно да слават против Белорусија со резултат 37:28.

Анхел Фернандез и Фернан Соле ја предводеа шпанската репрезентација со по 7 голови а Микита Ваилупаи беше најпрезицен кај Белорусите со 8 голови.

И покрај поразот Белорусија се уште има математичка шанса да го продолжи настапот со мечот за 5-то и 6-то место останувајќи во трката за место во олимписките квалификациски турнири.

Во среда Хрватска и Шпанија ќе го одиграат последниот меч од првата група, на кој Шпанците и со нерешен резултат ќе продолжат во полуфиналето како првопласирани во групата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ