Шпанија ги отвора границте

По три месеци во карантин, Шпанија денеска ја укинува вонредната состојба прогласена поради пандемијата на коронавирусот и ги отвора границите. Земјата постепено ги укинуваше мерките, кои по се изгледа дадоа резултат, да се спречи неконтролираното ширење на коронавирусот, кој зеде 28 илјади животи.

На посетителите од Европската унија, земјите од Шенген и Велика Британија ќе им биде дозволено да влезат без обврска да поминат две недели во карантин. Туристите ќе поминат „тројна проверка“, која вклучува проверка на податоците од каде дошле, мерење на температурата и земање детални податоци доколку има потреба да бидат под надзор. Шпанија се надева дека ќе спаси дел од летната туристичка сезона, од која најмногу зависи економијата во земјата.

Од денеска, шпанците ќе можат да патуваат низ целата земја, а одговорноста целосно се префрла на регионаните власти кои ќе треба да ги ограничат големите собири. Но, останува задолжително носење на маски.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ