Шестмина повредени, десет уапсени по демонстрациите во источногерманскиот град Кемниц

Остри реакции пристигнуваат од многу страни после судирот на левичарите и десничарите во источно германскиот град Кемниц. Потребни се итни мерки, а поднесени се и првите кривични пријави.

Денеска е опасно во Кемниц, по вчерашните протести во кои беа повредени најмалку шест луѓе, уапсени се десетмина поради нацистички поздрав, кој се смета за употреба на говор на омраза во Германија. Да не дозволуваме да не уплаши разјарена група на хулигани, рече германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер. Во Саксонија нема место за екстремизам, дециден саксонскиот премиер Михаел Кречмер кој го осуди земањето на правдата во свои раце.

-Тоа е страшан чин. Мислим дека не погоди сите. Но она што и е направено на жртавата е невкусно и вознемирувачко. Политичката инструментализација на екстремната десница е одвратна и ја отфрлам. Не е прифатливо луѓето кои изгледаат како странци да бидат напаѓани за време на спонтани демонстрации, рече Михаел Кречмер, премиер на Саксонија.

Агресивната атмосфера започна откако демонстрантите фрлаа пиротехнички материјали врз полицијата. Повод за протестот наречен „лов на мигранти“ беше убиството на 35 – годишен Германец, кој со нож беше прободен од страна на двајца мигранти едниот од Сирија, другиот од Иран, по кои е издаден налог за апсење. Во предметот кој го отвори обвинителството се вели дека тие го прободеле Германецот „без оправдана причина“. Полицијата синоќа се обиде да ја раздели разјарената толпа на десничарското движење „Про Кемниц“ и учесниците на демонстрациите на движењето „Кемниц без нацисти“.

Портпарол на полицијата призна дека нема доволен број полициски службеници за да излезе на крај со толкав број луѓе, бидејќи според проценките на улица требало да има само неколку стотици демонтранти. Дел од германските медиуми јавија дека на собирот на десничарското движење „Про Кемниц“ учествувале околу 5 илјади луѓе, а од другата страна имало неколку стотини левичарски контрадемонстранти. За да спречи посериозна ескалација, полицијата употреби и водени топови.

Канцеларката Меркел изјави дека „насилната правда“ нема да биде толерирана. Но, зошто проблемот со мигрантите е толку горлив во Германија. Меркел во 2015 ги отвори вратите за 1,3 милиони мигранти и бегалци главно од блискиот исток. За што нејзината партија беше казнета на пследните избори кога анти-имиграндската Алтернатите за Германија за првпат влезе во парламентот и освои 90 места. Градот Кемниц се наоѓа во Сакцсонија, каде партијата АДФ е посебно јака.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ