
Шест жртви во последното деноноќие во Грција
Шест лица заразени со коронавирус починаа во последното деноноќие во грција, соопштија надлежните со што бројкатѕа на жртви се искачи на 38 лица.
Како што соопшти претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, во последните 24 часа земјата се регистрирани 95 нови позитивни случаи.
Во моментов во грција има 1.156 лица се заразени со коронавирусот, а повеќето од нив се во Атика, поширокиот регион на Атина.
Во грчките болници, приклучени на апарати се лекуваат 69, а во земјата, до сега, анализирани се 15.151 тестови.