Северна Кореја објави извештај за кршење на човековите права во САД

САД се прогласуваат за заштитници на демократијата и за борци за човекови права, но го кријат своето вистинско лице, се наведува во извештај на северниокорејската државна новинска агенција КЦНА, во кој се обвинува за кршење на човековите права во САД.

– Расната дискриминација и мизантропијата се тешки болести кои го пристикаат американското општество, а се влошија по доаѓањето на (американскиот претседател Доналд) Трамп на власт, пишува во документот.

Објавувањето на извештајот следи по серијата америкнаски извештаи за масовно кршење на човековите права во Северна Кореја, вклучително и за постоење на логори за политички затвореници.

При неговото синоќешно обраќање за „Состојбата на Унијата“, Трамп како специјален гостин го покани Ји Сеонг-хо, бегалец од Северна Кореја кој обвинува за злосторства на режимот во Пјонгјанг, како и дека Севернокорејците живеат во сиромаштија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ