Северна Кореја лансирале два неидентификувани проектила

Јужна Кореја соопшти дека Пјонгјанг лансирал два неидентификувани проектила во морето, кај својот источен брег.

Според Генералштабот на јужнокорејската војска, проектилите се лансирани од област во близина на градот Вонсан, на истокот на земјата, пренесоа американските медиуми.

Според јужнокорејската армија, проектилите летале 430 километри пред да паднат во морето.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ