
Северна Кореја ќе го затвори полигонот за нуклеарни проби пред очите на целиот свет
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг – ун за време на самитот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае – ин изјавил дека ќе го затвори теренот за нуклеарни проби во својата земја во мај, пред очите на целиот свет, соопшти денеска кабинетот на јужнокорејскиот претседател.
Севернокорејските државни медиуми за време на самитот одржан во петокот јавија дека Пјонгџанг веднаш ќе ги прекине нуклеарните и ракетните проби, ќе ја затвори локацијата за нуклеарни тестирања и наместо тоа ќе работи на економски развој и мир.