
Серија земјотреси и големо невреме во Албанија
Попладнево Албанија ја погодија серија земјотреси, големо невреме проследено со обилни дождови, силен ветер и електрични празнења.
Најсилниот земјотрес беше регистриран во 13:05 часот, со интензитет од 4,7 степени по Рихтер, со епидентар во централна Албанија, во близина на Рогожина,. Истиот беше почуствуван и во западниот дел на Македонија. Силното невреме однесе и еден живот. Од гром настрада 50-годишна жена, додека нејзиниот сопруг и нивен роднина се повредени кај селото Сукај кај Скадар додека со трактор се враќање од нива.
Поради големите бранови во опасност се нашле најмалку педесет туристи кои пловеле со брод кон островот Сазан. Благодарение на брзата интеревенција на Капетанијата биле спасени, откако за тоа биле известени од новинари кои навреме се засолнале на островот. Поројните дождови предизикаа одрони на патиштата, кои пак се причина за неколку сообраќајни несреќи, во кои животот го загубило едно лице.