Сенатот на САД гласаше за намалување на даноците

Американскиот Сенат ја усвои верзијата на даночните реформи со која значително се намалува данокот на заработувачка за компаниите, а се намалуваат и индивидуалните даночни стапки. Според овој Закон, највисоката стапка на доход за компаниите во САД, од сегашните 35 проценти, ќе се сведе на 21 процент.

Се очекува Претставничкиот дом на Конгресот на САД денеска да гласа за оваа, најнова верзија на даночното намалување, по што ќе остане таа да биде потпишана од претседателот Доналд Трамп.

Mерката предвидува и укинување на обврската американските граѓани да купат здравствено осигурување, која беше клучна одредба од пакетот здравствени реформи кои ги промовираше претходниот претседател Барак Обама.

Американските медиуми во најголем дел го критикуваат новиот закон на Трамп, бидејќи она што ќе го стори е дека дополнително ќе ги збогати богатите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ