Седумте пациенти негативни, но пациентот од Кочани повторно ќе се тестира

Министерството за здравство информира дека резултатите на 7-те пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на корона вирус.

Денеска се тестираа пациенти од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип.

Тестот на пациентот од Кочани, е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува. Министерството за здравство ќе информира за резултатот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ