
Седумдесет и шест лица загинаа во пожарот во Калифорнија, речиси 1.300 се водат како исчезнати
Бројот на луѓе кои исчезнаа во пожарот во Калифорнија се искачи на 1.276, додека властите утврдија каде се наоѓаат стотина лица кои ги напуштиле нивните домови кога огнената стихија го зафати северниот град Парадајс.
Форензичките тимови кои ги пребаруваат изгорените рушевини ги пронашле смртните останки на уште пет лица, со што бројот на загинати лица се зголеми на 76, соопштија локалните власти.
Пожарникарите се обидуваат да ја совладаат смртоносната огнена стихија, но силниот ветар им ја отежнува работата.
Претседателот Доналд Трамп го посети Парадајс и вети целосна поддршка од страна на федералната Влада.