Расте бројот на загинати во несреќата во Турција (видео)

Бројот на жртвите од железничката несреќа во Турција се зголемува и според последните податоци, во неа загинале девет лица, меѓу кои и тројцата машиновозачи. Во болница се 47 луѓе.

Брзиот воз, кој сообраќал од Анкара кон централната провинција Конва удрил во локомотива која служи за инспекција на пругата. При несреќата, која се случи во 6.30 часот по локално време, два вагони од возот излетале од шините. Брзиот воз ја напуштил станицата во Анкара во 6.30 часот, а околу шест минути подоцна се судрил со локомотивата. Министерството за транспорт и инфраструктура соопшти дека локомотивата, која извршувала инспекција на пругата, не требало да се наоѓа таму во моментот на несреќата.

Анкарското обвинителство отвори истрага за случајот.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ