Се запали Нотр Дам во Париз (видео)

Пожар во познатата катедрала Нотр Дам во Париз, јавува Би-Би-Си цитирајќи пожарникарски екипи.

Причината не е позната но, можно е поарот да е поврзан со реновирањето на катедралата, кое е во тек.

На сликите на социјалните мрежи се гледа чад во воздухот над објектот стар 850 години изградена во готски стил. Минатата година, Католичката црква во Франција бараше итна реконструкција за спасување на катедралата, која почна да се урива.
Во тек е голема операција за гаснење на пожарот, кој избувна попладнено, а областа околу катедралата во центарот на Париз е обезбедена, велат официјални лица.

Очекувајте повеќе информации.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ