
Се заострува судирот меѓу Трамп и Сешнс
Се погласни се предупредувањата дека е започнато одбројувањето за импичмент на претседателот Трамп. Прогнозите од таборот на републиканците се дека тоа може да се случи пред Нова Година. Во меѓувреме Трамп отвори нов фронт на релација со државниот обвинител Џеф Сешн. И се се врти околу истрагата за наводната вмешаност на Русија во изборната кампања. Откако Сешн се огради и истрагата му ја препушти на неговиот заменик Род Розенштајн, под изговор да избегне судир на интереси, Трамп во интервју за Фокс Њуз со силна критика кон правосусдството.
„Џеф Сешн никогаш не восостави контрола над правосудниот систем. Тоа е неверојатно нешто. Тој учествуваше во кампањата. Беше лојален. Беше еден од моите први поддржувачи. Тој многу добро знаеше дека не постои никаков дослух со Русите“, изјави Трамп.
Ја презедов контролата на министерството за правосудство оној ден кога стапив на функцијата, вака одговори Сешн. Се додека ја обавувам оваа функција нема да дозволам политиката да се вмеша во работата на правосудството. Став со кој си го навлече бесот на Трамп, кој ќе се обиде да го смени по изборите во Конгресот во ноември, освеан ако пред тоа не се случи импичментот. Тече истрагата за наводната руска вмешаност, претседателот и понатаму тврди дека немало никаков договор со руската влада, а темата за импичмент веќе се наметна во јавноста. Вчера Трамп за првпат коментираше на оваа тема и рече дека ако дојде во опасност неговата функција ќе се урне амриканскиот пазар. Денеска реакција и од неговиот адвокат Руди Џулијани, кој смета дека отповикувањето на претседателот би го пробудил револтот на американскиот народ.
„Тој не е поврзан со Русите, не ја повредил правдата. Се што кажа Коен е порекнато. Можен е импичмент единствено од политички причини но, во тој случај би се спротивствил американскиот народ“, вели Џулијани.
Ударите врз Трамп не престануваат само пред два дена поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен призна вина за осум обвинениеја меѓу кои и она за кршење на правилата за финанасирање на изборната кампања во 2016.
Билјана Ставрова