
Се урна вијадукт во Италија, се стравува за голем број на повредени
Вијадукт во близина на Џенова се урна денес, пренесуваат светските агенции.
Агенцијата „Ројтерс“, која беше меѓу првите што ја пренесоа веста, соопшти дека полицијата и пожарникарите биле на местото на настанот и се уште не е познато дали има жртви.
„Спутник“ пишува дека се стравува оти има многу жртви и дека е можно неколку автомобили да паднале од мостот. Истите информации ги пренесува и британскиот „Мирор“ додавајќи дека италијанските пожарникари потврдиле дека возилата паднале од мостот.
Не е познато зошто дошло до уривањето на вијадуктот, кој, како што тврдат италијанските медиуми, е дел од главниот пат А10.
Изградбата на мостот почна во 1962 година и заврши во 1968 година, а беше реконструиран во 2016 година.