Се преврте брод во Мисури, 11 жртви

11 луѓе загинаа, а по неколкумина други се трага откако импровизирано туристичко бродче потонало во езерото Тејбл Рок во американската сојузна држава Мисури. Во бродот имало 31 лице, меѓу нив и деца. Спасени се седум луѓе, од кои три деца со полесни повреди. Нуркачите се уште трагаат по исчезнатите.

Несреќата била предизвикани од силната бура што го зафатила регионот, при што се кренале ветрови со брзина од 100 километри на час.

Таканареченото бродче – патка, кое се превртело, е всушност возило прилагодено за пловидба. Компанијата која ги организира ваквите тури во минатото имала повеќе несреќни случаи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ