Се намалува бројот на заболени од КОВИД-19

Кинеските валсти соопштија дека во изминативе 24 часа биле забележани 97 смртни случаи од коронавирусот со што бројот на починати изнесува 1.113. Бројот на заразени од смртоносниот вирус е околу 44.640 луѓе, односно за над 2.000 помалку.

Тоа е втор ден со регистриран пад на заразените со коронавирусот. Светската здравствена организација овој вирус го именува како КОВИД-19 и побара од сите земји заеднички да работат против „смртоносната опасност“. Најмногу заразени со вирусот надвор од Кина има на патничкиот брод „Дајмонд Принцес“ во кој има 174 луѓе со позитивен тест. Во бродот има околу 3.700 патници и членови на екипажот кои ќе биде во карантин до 19 февруари. Стапката на смртност од овој вирус е два насто.

Во Женева продолжува дводневниот форум на Светската здравствена организација, на кој 400 научници се обидуваат да забрзаат развој ан тестови, лекување и вакцини во борбата против вирусот. Целта на форумот е да се идентификуваат празнините во знаењето и приоритетите во истражувањата, со цел да се добијат научни информации и медицински производи кои се најпотребни за да се минимизира влијанието на вирусот.

Учесниците се обидуваат да го идентификуваат вистинскиот извор на инфекцијата, да разменат биолошки примероци и делови од геномот на вирусот. Тие ќе се обидат да утврдат кои пристапи се доволно ветувачки за да се премине на следниот чекор, односно тестирање на луѓе за да види дали тие пристапи навистина функционираат.

На дневен ред е и прашањето дали е можно да се создаде постојана залиха на лекови, слична на залихата на вакцини што постоела за болести како жолта треска и ебола.

Во меѓувреме, британски научници почнаа со тестирање вакцина против коронавирус на животни.

– Вакцината ја вбризгавме кај глувци. Се надеваме дека ќе ги добиеме нашите први резултати во текот на следните неколку недели и ќе видиме како нивните антитела реагираат на коронавирусот, рече Пол Мекеј од Империал колеџ во Лондон. Тој појасни дека по завршување на првата фаза од тестирањето на животните, што може да трае и неколку месеци, може веднаш да се почне со клинички испитувања на луѓето.
– Значи, можеби до крајот на оваа година ќе имаме вакцина погодна за употреба, истакна Меккеј.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ