Се губи надежта за исчезнатите рудари во Бразил

Се помалку надеж има за исчезнатите работници во пукнатата рударска брана на југот од Бразил. Поради опасност од пукање на втората брана во истиот рудник за железна руда, прекината е спасувачката акција .

Малото гратче Брумадињо е претворено во чекалница. Семејствата на 300-те исчензати очајнички чекаат информации за исченатите синови, татковци…

  • Алрмот не проработе… Многу е тешко, се чувствувам како да сонувам…, вели еден татко чиј син е изнезнат.

Спасувачите водат трка со времето, но сега е наредена евакуација на неколку околни места. Подрачјето на местото Виља Фертеко е целосно поплавено, и се стравува од ширење на токсичен отпад и загадување на животната средина.

  • Гледате, рударската јама не е активна од 2015-та. Мешавината од рударски отпад и вода придонесува за остар мирис при висока температура. Во истовреме, миризбата станува се полоша кога се меша со мртвите тела на животните и луѓето, вели спасувачот Едуардо Педроса.

Од вчера, бројката на жртви се зголеми. Пронајдени се 34 тела. Но за дел од семејствата има надеж. 43 се живи, а половината од нив се во болница. Оние кои го преживеаа налетот од водата, сведочат за хаосот…

  • Калта покри се одеднаш…Дрвјата паѓаа, се виткаа. Многу бука…Ужас..никогаш не сум видел нешто вакво, сведочи Педро Роча.

Додека членовите на семејствата очајно чекаат вести, се зголемува и нивниот гнев кон компанијата и кон властите.

  • Ако властите ја следеа ситуацијата од пред три години кога пукна браната, ова немаше да се случи. Но, од небрежност, се случува истото и тука, а можеше да се избегне. Немаше аларм, никаква комуникација…каква небрежност, вели една мајка, која чека вести за синот.

Од рударската компанија вале која е  сопственик на рудникот, не знаат зошто пукнала браната. За да ја надомести штетата од катастрофата судот им замрзна милијарда евра од нивната сметка. Но, страдањето не може да се наплати, велат семејствата на жртвите.

 

Алиса Шутиноска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ