
Салвини: Луѓето како Јункер и Московици се виновни за крахот на ЕУ
Вицепремиерот на Италија и министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска ги обвини европските комесари за уништувања во Европската унија и се надева дека изборите за новиот европски парламнент, што се одржуваат следната година, ќе донесат нова политичка слика на ЕУ.
„Луѓе како што се (Жан-Клод) Јункер и (Пјер) Московици ја уништија Европа и нашата држава“, изјави Салвини на прес-конференција во Рим.
Тој се надева дека изборите ќе придонесат за проимени одвнатре.
„Ќе се обидеме да ја промениме оваа Европа одвнатре и се надеваме дека изборите во мај идната година ќе ни помогнат во тоа. Ако тоа не се случи, работите ќе бидат многу тешки“, додаде Салвини.