Сајок е обвинет за 5 федерални кривични дела, меѓу кои и закана до поранешен претседател и ризикува до 58 години затвор

Американските власти денеска го уапсија осомничениот за испраќање пакети со експлозивни направи. Тој беше идентификуван како Цезар Сајок кој има 56 години, објави Ројтерс.

Според Министерот за правда Јеф Сешенс, Сајок е обвинет за 5 федерални кривични дела, меѓу кои и закана до поранешен претседател и ризикува до 58 години затвор.

Досега сомнителни пакети беа испратени и до Барак Обама, Хилари Клинтон, телевизијата Си-Ен-Ен, како и до голем број демократи. Медиумите велат дека пакетите се испраќаат до критичарите или противниците на американскиот претседател.

Претходно коментирајќи го апсењето на лицето за сомнителните пакети со експлозивни направи, американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека не смееме да се дозволи политичкото насилство да пушти корени во САД.

Белата куќа соопшти дека ова се ужасни инциденти и дека сторителите ќе одговораат пред судот. Претседателот на САД, од своја страна, рече дека во САД нема место за политичко насилство, а првата дама, Меланија Трамп, инцидентите ги нарече кукавички напади.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ