САД протеруваат 60 руски „шпиони“ поради случајот Скрипал

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди протерување на 60 наводни руски шпиони од САД како одговор на нападот со нервен агенс врз поранешен шпион Сергеј Скрипал во британскиот град Салисбери во почетокот на месецот.

Според висок претставник од Белата куќа, „48 лица за кои се знае дека вршат разузнавачки работи“ од рускиот Конзулат во Сиетл и 12 од руската мисија во ОН имаат седум дена да ги напуштат САД, јави АФП.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ