
САД побара санкции за Турција ако не се откаже од набавката на руските ПВ-системи С-400
Претставничкиот дом на Конгресот на САД одобри едногласно резолуција во која се содржи повик за целосно воведување санкции спрема Турција ако Анкара увезе против воздушни системи С-400.
Во резолуцијата одобрена синоќа, се упатува повик кон американскиот претседател Доналд Трамп да воведе санкции согласно закон ако турската влада не ја укине одлуката за купување на руските ПВ-системи С-400.
Конгресмените сметаат дека таа одлука на турските власти „претставува закана за американско-турските односи и го поткопува НАТО“. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека не е исклучено државата да се откаже од договорот со Москва.